Светата маченичка Фавста

6 февруари (по стар стил)

Светата Фавста (Фауста) пострада за Христа во времето на царот Максимијан (помеѓу 305 и 311 година). Со своето јунаштво ги восхити и ги обрати кон христијанство своите мачители: осумдесетгодишниот жрец Евиласиј и епархот Максим. Кога судијата ѝ се закани на Фавста со уште пострашни маки, таа му рече да изработи нејзина икона со изобразба на сите оние маки со коишто ѝ се заканува. Кога беше готова иконата и ѝ ја покажаа, Света Фавста рече: „Како што оваа икона не чувствува никакви маки така ни моето тело не ги чувствува маките од твоите казни, зашто душата моја е утврдена во Бога“. Судијата ја фрли во котел со врела вода и во него ова тринаесетгодишно девојче претрпе смрт и со молитва на усните отиде со душата во Рајот.