Свети Фотиј Велики, Патријарх Цариградски

6 февруари (по стар стил)

Голем светилник на Црквата. Роднина на царот и внук на славниот патријарх Тарасиј. Крепостен заштитник на Црквата од папското властољубие и од другите римски изопачувања на верата. За шест дена ги помина сите чинови од лаик до патријарх. Стана патријарх на Божик, 857 година, а се упокои во Господа во 891 година.