Светиот свештеномаченик Иполит

30 јануари (по стар стил)

Пострада за верата во времето на Клавдиј. Кога девицата Хриса во Рим беше немилостиво мачена за Христа, тогаш за неа пред мачителите се застапи светиот Иполит и ги разобличи. За овој протест го изведоа на суд и го осудија на смрт после долги мачења. Му ги врзаа рацете и нозете и го потопија во морето. Со него и со Хриса пострадаа уште дваесет други маченици. Свети Иполит пострада во 269 година.