Светите маченици Роман, Јаков, Филотеј, Иперихиј, Авив, Јулијан и Паригориј

29 јануари (по стар стил)

Сите пострадаа за Господ Исус Христос на Самосат, во времето на царот Максимијан, во 297 година. Филотеј и Иперихиј беа големци, а останатите беа момчиња од благородничко потекло. Незнабожците ги убија со страшна смрт, им коваа клинци во главите. Чесно пострадаа и влегоа во радоста на Господа.