Преподобен Симеон Ветхи

26 јануари (по стар стил)

Другар и пријател на свети Паладиј. Од раната младост, па до смртта, се подвизуваше во една пештера. Основа два манастири и се упокои во Господа во 390 година. Ветхи, т.е. стар се нарекува за да се разликува од свети Симеон Столпник, којшто се подвизуваше нешто подоцна од него.