Светиот новомаченик Јордан

2 февруари (по стар стил)

Родум од Трапезунт, по занимање казанџија. Отворено ја бранеше верата Христова и ја изобличуваше мухамеданската. За ова пострада од Турците во 1650 година, во Галата во Цариград. Исто така пострада и монахот Гаврил, канонархот на Големата црква во Цариград, во 1672 година.