Свети Фрументиј, просветител на Абисинија

30 ноември (по стар стил)

Во времето на царот Константин Велики, кон Индија патуваше еден учен човек од Тир, по име Меропиј. Со себе беше зел двајца млади браќа христијани, Едесиј и Фрументиј. По патот им се разби коработ од бурата на бреговите на Абисинија и дивите Абисинци ги убија сите луѓе од коработ, освен овие двајца браќа, Едесиј и Фрументиј. Тие проживеаја во Абисинија неколку години и успеаја да влезат во служба на дворецот на абисинскиот цар. Фрументиј почна да ј проповеда христијанската вера, но многу внимателно, и се увери дека почвата за оваа проповед е многу погодна и плодна. Тогаш двајцата браќа седнаа на кораб и тргнаа: Едесиј во Тир кај своите родители, а Фрументиј кај свети Атанасиј Велики, којшто беше патријарх во Александрија. Фрументиј му ја изолжи на патријархот положбата во Абисинија и побара пастири за новообратените во верата. Светиот Атанасиј го ракоположи Фрументиј за епископ. Фрументиј се врати во Абисинија, каде што со својата ревност и со многубројни чуда успеа да ја обрати цела Абисинија во христијанската вера. Овој голем пастир на Христовото стадо и просветител на Абисинија се упокои мирно во 370 година, кога се пресели во Царството на својот Господ.