Преподобен Пинуфриј
27 ноември (по стар стил)
Тој е современик на свети Касијан (29 февруари) и голем египетски подвижник. Живееше во 4 век и се подвизуваше на разни места, сè бегајќи од човечките пофалби. Имаше многу ученици, коишто се трудеа да го подражаваат возвишениот пример на својот учител.