Светите маченици Евстатиј, Теспесиј и Анатолиј

20 ноември (по стар стил)

Родени браќа од Никомидија, од незнабожни родители, Филотеја и Евсевиј, коишто подоцна ја примија вистинската вера од свети Антим Никомидиски, заедно со своите синови. Филотеј беше ракоположен за презвитер. Кога и тој и жена му се упокоија, настана страшното гонење на христијаните под злочестивиот цар Максимијан, па тројцата Филотееви синови беа изведени на суд. Беа судени и мачени на разни начини и најпосле осудени на смрт. Повеќепати им се јавуваа во затворот Ангели, па им даваа за храна манна и ги исполнуваа нивните млади срца со сила и храброст во трпењето. Кога ги изведоа на губилиштето им пријдоа двајцата другари, Паладиј и Акакиј и разговараа со нив. И додека уште разговараа, светите маченици Му ги предадоа на Бога своите души. Тогаш војниците им ги отсекоа мртвите глави и ги однесоа за да му ги покажат на судијата. Пострадаа за Господа Исуса Христа околу 313 година.