Преподобен Григориј Молчалник

7 декември (по стар стил)

По потекло Србин. Основач на светогорскиот манастир на Свети Николај, наречен според него Григоријат. Неговата келија се наоѓа на четврт час одење од манастирот. Овој Божји човек се упокои мирно во 1406 година. Во 1761 година, во манастирот имаше голем пожар и притоа некои монаси ги зедоа неговите мошти и ги пренесоа во Србија.