Свети Тиридат цар Ерменски

29 ноември (по стар стил)

Современик на Диоклецијан. Најпрво страшно ги гонеше христијаните. Но, го постигна Божја казна, па тој полуде и стана сличен на скот, како некогаш Навуходоносор. Од лудилото го исцели чудесно свети Григориј (се слави на 30 септември). Оттогаш па до смртта, Тиридат поживеа во покајание и благочестие. Се упокои мирно во 6 век.