Светиот маченик Диомид
16 август (по стар стил)
Лекар од Тарс, од прочуен род. Лечејќи го народот, го поучуваше и на верата Христова. Царот Диоклецијан нареди, та му ја отсекоа главата во Никеја, во 298 година. Оние што му ја отсекоа главата и му ја донесоа на царот ослепеа, а кога му ја вратија главата на телото и се помолија, оздравеа.