Свети Илија, патријарх Ерусалимски и Свети Флавијан, патријарх Антиохиски

20 јули (по стар стил)

Големи ревнители за верата и бранители на Православието. Обајцата умреа во прогонство каде што ги протера царот Анастасиј. Точно ја предвидоа и смртта на овој цар и сопствената. Истовремено си пишуваа еден на друг од оддалечени места: „Царот Анастасиј денес умре, да појдеме и ние со него пред Судот Божји“. И по два дена и двајцата светители се упокоија, во 518 година.