Свети маченици Монтан и Максима
26 март (по стар стил)
Светите Монтан и неговата жена Максима беа фатени заради исповедањето на Христовата вера, во време на прогонот на Диоклецијан. Беа изведени пред судијата Проб, управителот на Панонија. Покажаа таква ревност во заштита на христијанската вера, што судијата го прекина судскиот процес и нареди обајцата да бидат посечени со меч. Мачениците беа убиени во градот Сингидун, денешен Срем. Христијаните од Панонија успеаја да ги земат моштите на мачениците и да ги пренесат во Рим, во катакомбите на света Прискила. Таму тие се наоѓаа до 1804 година, кога беа откриени катакомбите, при што моштите на светата Максима беа најдени нетлени.