Преподобен Варсануфиј оптински

1 април (по стар стил)

Варсануфиј (Плиханков), архимандрит, (1845-1913) – основач на скитот. За него старецот Нектариј велел дека благодатта Божја во една ноќ од одличен војник го направила велик старец. Го исполнуваше својот пастирски долг во руско-јапонската војна. Поседуваше необична прозорливост и му беше откривана внатрешната смисла на настаните. Синодот на Руската Црква го испрати при одлачениот од Црквата Л. Н. Толстој, кој се наоѓаше на смртната постела, но неговите роднини не му допуштија на старецот да се сретне со писателот.