Свети Мелитон епископ Сардиски во Мала Азија

1 април (по стар стил)

Прочуен пастир на Црквата од 2 век. Поседуваше голема ученост и се трудеше сите книги на Светото Писмо да ги собере во еден кодекс. А според својата кротост и благочестие, пак, се трудеше да внесе мир во Лаодикиската Црква, вознемирувана од спорот околу датумот на празнувањето на Пасха. Освен ова, го бранеше христијанството пред незнабожците. Така околу 170 година патуваше во Рим и на царот Марко Аврелиј му поднесе една писмена одбрана (апологија) на верата и Црквата. Овој учен, благочестив и ревносен маж се упокои мирно во Господ во 177 година.