Света Дросида

22 март (по стар стил)

Ќерка на царот Трајан. Заедно со пет други жени ја фатија како ги собира телата на постраданите Христови маченици, па заради ова царот жестоко ја укори. Оние пет жени беа тешко мачени и најпосле фрлени во растопен бакар, каде што Му ги предадоа своите души на Господ. А Дросида остана под строга царска стража. Но, таа побегна од дворецот и самата себеси се крсти во една река. По осум дена Му ја предаде својата душа на Бога.