Православен календар

Велики Вторник: на мудрите девојки

вторникот пред Пасха

На светиот и велики вторник правиме спомен на евангелската приказна за десетте девојки. Господ наш Исус Христос им говореше вакви приказни на своите ученици, додека влегуваше во Јерусалим, пред своето страдање. Со приказната за десетте девојки, Господ поттикнува на милост, и воедно ги поучува сите луѓе подготвено да го дочекаат крајот. Петте девојки, Он ги нарекува мудри, затоа што тие на девственоста ѝ го придодадоа обилното и скапоцено масло на милоста, а другите пет, ги нарекува неразумни, затоа што немале соодветна милост, иако и нив, исто така, ги одликувала девственост. Тие се луди, затоа што исполнувајќи го поголемото, го пренебрегнале помалото, та затоа, по ништо не се разликуваат од блудниците: блудниците ги победило телото, а нив - имотот. Кога проаѓаше ноќта на овој живот, сите тие девојки задремаа и заспаа, т.е. умреа, бидејќи тука под сон се подразбира смртта. А среде нивниот сон, на полноќ, настана викотница, се отворија вратите, и оние, коишто се беа снабдиле со изобилство масло - влегоа со женикот, а лудите, коишто не зедоа доволно масло, почнаа да бараат, тогаш кога се разбудија. Иако сакаа, мудрите не можеа да им дадат на неразумните, бидејќи беше време за самото влегување (во брачните одаи), и затоа им одговорија: да не би да не ни стигне и нам и вам, подобро одете кај продавачите, т.е. кај сиромашните и купете. И, покрај сè, лудите девојки, коишто беа дошле без светлина, извикуваат удирајќи по вратата: Господару, Господару! Отвори ни. Но, Самиот Господ го изговара оној страшен одговор: Одете си, ви велам, не ве познавам. Како ќе го видите женикот, кога го немате виното на милоста? Богоносните отци, значи, ја ставиле оваа приказна, за да нè поучат секогаш да бидеме будни и подготвени да го дочекаме вистинскиот Женик, со добри дела и првенствено со милост, бидејќи не го знаеме денот и часот на крајот, токму како што Јосиф, со својот пример, нè учи да здобиеме целомудреност, а смоквата - секогаш да донесуваме духовен плод. Кој ќе го исполни едното, дури и поголемото, а второто, особено милоста, ја заборави, тој нема да влезе со Христа во вечната починка, туку посрамен ќе се врати назад, бидејќи нема ништо посрамно и пожално од девственоста, којашто е победена од страста кон богатството.

Сподели на твитер
днсДекември 2023
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
24
стар
стил
Ноември
7
Декември
нов
стил
Чет., Божикен пост. Масло.
Вмц. Екатерина (313); Вмч. Меркуриј (III); Мч. Меркуриј Смоленски (1238)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Невозможно е да се сочува душевниот мир ако не внимаваме на умот, односно ако не ги изгонуваме мислите коишто не Му се угодни на Бога, и обратно – ако не се држиме до мислите кои што Му се угодни на Бога. Треба со умот да се гледа во срцето, што се случува таму, мирно е или не е мирно. Ако не е, тогаш провери во што си згрешил.

Преп. Силуан Атонски
Списи. XIV.8

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк