Православен календар

Недела на Самарјанката

четврта недела по пасха

Во овој ден го празнуваме празникот на Самарјанката, бидејќи тогаш Христос јавно Себеси се објави за Помазаник, односно Месија на еврејски (од зборот меса што значи елеј), односно Христос на грчки јазик. Сограѓаните на Самарјанката, откако Спасителот поминал кај нив два дена, ѝ говореле: „Сега не веруваме поради твоите зборови, туку самите чувме и познавме дека Он е навистина Спасителот на светот, Христос.“ И кај сите е така. Најпрвин со надворешно слово биваат призвани кон Господа (или како што е сега кај нас, од раѓање се вбројуваат помеѓу христијаните), а потоа кога на дело ќе вкусат дека во Господа има живот, тогаш не заради надворешната припадност кон христијанското општество се држат до Господа, туку заради внатрешната поврзаност со Него. Така, сите кои се раѓаат во христијанско општество, потребно е во себеси да го воспостават законот, односно да не се ограничуваат само со надворешната припадност кон Господа, туку да се погрижат и за внатрешната поврзаност со Него, за потоа постојано да носат во себе сведоштво за тоа дека тие стојат во вистината. Што е потребно за тоа? Потребно е да ја воплотат во себе вистината Христова. Вистината Христова е подигнување на паднатиот. Па така, остави го стариот човек, којшто тлее во прелесните телесни похоти, и облечи се во новиот, создаден според Бога во правда и преподобие на вистината, та самиот во себе ќе знаеш дека Господ Исус Христос е навистина Спасител, не само општо, на светот, туку и на тебе лично.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
30
стар
стил
Април
13
Мај
нов
стил
Среда. Пост.
+Ап. Јаков Зеведеев, брат на Јован Богослов (44)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Сите кои бараат нешто од Бога, а не го добиваат тоа, несомнено не го добиваат поради некоја од следниве причини: или затоа што бараат нешто прерано, или затоа што бараат недостојно, заради суета; или затоа што кога би го добиле она што го бараат би се возгордеале или, пак, би западнале во мрзливост.

Преп. Јован Лествичник
Лествица. 26. 60

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк