Православен календар

Преполовение на Педесетница

средата во третата недела по пасха

Во средата на раслабениот го празнуваме празникот на Преполовение на Педесетницата, заради почеста на двата големи празници – Пасха и Педесетница, бидејќи тој ден е посреде нив и ги соединува двата. Кај Јудејците имаше три големи празници: првиот – Пасха, кој се празнува во спомен на преминувањето преку Црвеното море, вториот – Педесетница, во спомен на пребивањето во пустината, по преминувањето на Црвеното море, бидејќи педесет денови беа во пустината пред Мојсеј да го прими законот, третиот – Сеници, во спомен на скинијата која Мојсеј ја виде на гората. Откако Христос над раслабениот изврши чудо, Јудејците се соблазнија, затоа што тоа се случи во сабота, и сакаа да го убијат Исуса. Затоа, Тој замина во Галилеја, каде што го изврши чудото со петте лебови и двете риби, од кои што нахрани пет илјади мажи, и нивните жени и деца. Потоа, на празникот Сеници дојде во Ерусалим, но некако тајно. На преполовението на тој празник, влезе во храмот за да поучува. Сите се восхитуваа на Неговото учење, и завидувајќи Му, говореа: „Од каде го знае Тој сето ова, кога не се учел на писмата?“ Новиот Адам, пак, Исус, знаеше сè како и првиот Адам, а бивајќи Бог, беше преисполнет со секаква премудрост. Повторно роптаа против Него и сакаа да го убијат. Христос ги разобличуваше велејќи: „Зошто сакате да ме убиете? Затоа што исцелив човек во сабота? Мојсеј законодавецот заповеда во сабота да се врши обрезание.“ Многу зборуваше со нив и им покажуваше дека Е Оној Којшто го дал законот, и Кој Е еднаков на Отецот. На последниот ден од празникот Сеници, Исус извика со висок глас: „Ако некој е жеден, нека дојде при Мене, да пие“. Во тие поуки, Христос Се покажа Себеси како Месија, Посредник и Оној Кој нè измири нас со Својот вечен Отец. Затоа, празнувајќи го денешниот празник, Го воспеваме Исуса Христа како Месијата.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Мај
16
Мај
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Мч-ци Тимотеј и Мавра (286); +Преп. Теодосиј Киево-Печерски (1074)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Светителите биле луѓе како што сме и ние. Многумина од нив имале големи гревови, но со покајание го достигнале Небесното Царство. И сите кои што влегуваат во него, влегуваат преку покајание, кое што ни го дарувал Милостивиот Господ преку Своите страдања.

Преп. Силуан Атонски
Списи. XII. 10

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк