Православен календар

Недела на свети Григориј Палама

втора недела од великиот пост

Втората недела од Великиот Пост е посветена на светиот Григориј Палама. Како што првата недела од постот беше посветена на победата на православието над иконоборството, така и втората недела е посветена на победата на православното богословие над различните еретички учења, во 14 век. Оваа победа ја извојува светиот Григориј Палама. Тој е роден во 1296 година, во Мала Азија, од каде што неговото семејство побегна, пред наездата на Турците. Се преселија во Константинопол каде таткото на Григориј доби висока положба при императорот Андроник II Палеолог. Григориј стекна одлично образование, но не сакаше да врви по стапките на својот татко, туку замина на Света Гора каде што се замонаши и се оддаде на молитвено тихување (исихазам). Кога во 1330 година во Константинопол од Калабрија дојде учениот монах Варлаам, тој почна да шири неправославно учење за тоа дека Таворската светлина којашто Христос им ја покажа на Своите ученици е создадена твар. По молба на светогорските монаси, во заштита на православното учење застана светиот Григориј, објаснувајќи дека таа Божествена светлина е несоздадена, дека Бог иако е недостапен во Својата суштина, Се јавува Себеси во Своите несоздадени енергии, каква што е Таворската светлина, кои се упатени кон светот и се достапни за восприемање. Неговото учење беше оправдано на Константинополскиот Собор во 1341 година, а Варлаам беше осуден како еретик. Светиот Григориј им се спротивстави и на други еретички учења, како она на бугарскиот монах Акиндин, а пишуваше и против мухамеданството. Од константинополскиот патријарх Јован Калека, следбеник на Варлаама, беше објавен за виновен за предизвикување црковен смут, одлачен од Црквата и ставен во затвор, каде што помина три години. Откако беше сменет патријархот Јован Калека, светиот Григориј Палама беше ослободен и поставен за архиепископ на Солун. Се упокои во 1359 година, а неговите мошти почиваат во неговата црква во Солун.

Сподели на твитер
днсМарт 2025
С116
Н217
П318
В419
С520
Ч621
П722
С823
Н924
П1025
В1126
С1227
Ч1328
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
11
стар
стил
Март
24
Март
нов
стил
Пон., Велик Пост. Строг пост.
Св. Софрониј, патр. Јерусалимски (638-644)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Во време на жалост непрестано треба да се призива во молитва милостивиот Бог... Непрестаното призивање на името Божјо во молитва ја лечи душата, ги убива не само гревовните страсти, туку и нивното дејство. Како што лекарот го наоѓа потребното лекарство и тоа дејствува, иако болниот не знае како се случува тоа, исто така и името Божјо, кога го призиваш, ги убиваш сите страсти, иако ние не знаеме како се случува тоа.

Преп. Варсануфиј Велики
Раководство. 421

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк