Православен календар

Крстопоклона недела

трета недела од великиот пост

Во оваа трета недела од постот, празнуваме поклонување на чесниот и животворен крст од овие причини: бидејќи за време на четириесетдневниот пост на некој начин и ние се распнуваме, умртвувани од страстите, паѓајќи во униние имаме чувство на жалост, ни се предлага чесниот и животворен крст за да нè поткрепи и утврди и утеши, потсетувајќи нè на страдањата на нашиот Господ Исус Христос. Ако нашиот Бог се распна заради нас, колку ли повеќе треба ние за Него да се трудиме, олеснувајќи ги нашите болки со предлагањето на страдањата Господови и со сеќавање и надеж на славата на крстот? Како што нашиот Спасител се искачи на крстот и се прослави, така треба и ние да правиме, та со Него и да се прославиме, иако нешто и жално претрпуваме. И друго: како оние што минуваат долг и тежок пат и, заморени, ќе најдат некое лиснато дрво со сенка, седнуваат под него да се одморат, па остатокот од патот го минуваат како млади, така и сега во ова посно време и тежок пат и подвиг, Светите Отци ни го посадија на средината од постот живоносниот крст, кој ни дава олеснување и освежување, за да можеме остатокот од патот полесно да го минеме. Или, како што при доаѓањето на царот му претходат некои знаци, а потоа и самиот тој доаѓа, радувајќи се и веселејќи се на победата, со него се веселат и неговите послушници, така и нашиот Господ Исус Христос, сакајќи да ја покаже победата над смртта и славата што ќе дојде по воскресението, го испрати напред Својот скиптар, царското знамение – животворниот крст, за да нè освежи и зарадува, и да нè подготви да Го примиме самиот Цар и, како светол победник, да Го прославиме. Средината од светата Четириесетница е слична на горчливиот извор: како што божествениот Мојсеј во него стави дрво и водата ја направи слатка, така и Бог Кој нè преведе преку духовното Црвено Море, со животворното дрво на чесниот и животворен крст, со постот во Четириесетницата ја осладува горчливоста и нè утешува како оние во пустината се додека не нè воведе во духовниот Ерусалим со Своето воскресение. Или, бидејќи крстот се именува и е дрвото на животот, тој е она дрво на животот што беше засадено среде рајот. Така и божествените отци го засадија крсното дрво среде Четириесетницата, потсетувајќи нè и на Адамовото лакомство и на неговото ослободување со сегашново (крсно) дрво; оти, вкусувајќи од него, не само што не умираме, туку и оживуваме.

Сподели на твитер
днсАприл 2025
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
13
стар
стил
Април
26
Април
нов
стил
Саб., Светла седм. Не се пости.
Свмч. Артемон, презв. Лаодикијски (303)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Претходните гревови, ако се враќаат во сеќавањата, штетат. Бидејќи ако тие носат со себе жал тогаш оддалечуваат од надежта, а ако се преставуваат без жал тогаш ја внесуваат во нас претходната скверност. Ако сакаш да Му принесеш на Бога неосудено исповедање, тогаш немој да се потсетуваш на гревовите според нивниот вид, но мажествено трпи ја скрбта која доаѓа поради нив.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 2. 151, 153

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк