Православен календар

Преподобниот маченик Лукијан, презвитер антиохиски

15 октомври (по стар стил)

Роден е од благородни родители во Самосат во Сирија. Во младоста стекна мошне широко светско и духовно образование. Овој маж беше познат по ученоста и по подвижничката строгост на животот. Откога го раздаде својот имот на сиромашните, се издржуваше од своите поучни дела и од тоа се хранеше како од некое ракоделие. Ѝ направи на Црквата мошне голема услуга со тоа што според еврејскиот текст поправи многу места од Светото Писмо коишто еретиците сходно на своето изопачено учење ги беа расипале. Заради ученоста и духовноста беше ракоположен за презвитер во Антиохија. Во времето на гонењето на Максимијан, кога маченички пострадаа свети Антим Никомидиски и свети Петар Александриски и Лукијан беше на списокот на оние коишто царот сакаше да ги погуби. Тој побегна од градот и се скри, но го поткажа некој завидлив еретички свештеник Панкратиј. Во тоа време гонењето беше ужасно. Не беа поштедени ниту малите деца. Две момченца кои не сакаа да јадат од идолските жртви беа фрлени во врела бања, каде што во маки ги предадоа светите души на Бога. Една ученичка на Лукијан, по име Пелагија, за да ја зачува својата девственост се качи на покривот на куќата, а оттаму падна и се разби (се слави на 8 октомври). Лукијан го одведоа во Никомидија пред царот. Патем, со своите совети успеа да обрати во верата четириесетмина војници. И сите завршија маченички. После испитување и биење го фрлија во затвор и го мореа со глад. Свети Јован Златоуст за него пишува: „Тој го презре гладот, да го презреме и ние раскошот и да ја уништиме власта на цревата, за кога ќе дојде време да се бара од нас таква мажественост, однапред подготвени преку помалите подвизи, да се јавиме славни во времето на борба.“ На Богојавление се причести во затворот, а утредента Му го предаде својот дух на Бога. Пострада на 7 јануари 311 година.

Сподели на твитер
днсЈануари 2026
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Јануари
17
Јануари
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Собор на 70-те апостоли; Преп. Теоктист, игумен на Кукума Сикелијски (800)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Како што нема ништо поспротивно на Бога од гордоста, бидејќи во неа се крие обоготворувањето на самиот себе, на својата ништожност и гревовност, така најпријатно за Бога е смирението, коешто се смета себеси за ништо, та секое добро, чест и слава му ги припишува на Бога. Гордоста не ја прима благодатта затоа што е полна со себеси, а смирението лесно ја прима благодатта затоа што е ослободено како од себеси, така и од сè тварно. Бог создава од ништо, сè додека сакаме да мислиме дека сме нешто, Он во нас нема да го почне своето дело. Смирението е сол на добродетелта. Како што солта му придава на јадењето вкус, така смирението им придава на добродетелите совршенство. Без сол јадењето лесно се расипува, а без смирение добродетелта лесно се уништува поради гордоста, суетата, нетрпеливоста, и исчезнува. Има смирение кое што човекот го добива преку сопствен подвиг, со тоа што го познава своето недостоинство, се укорува себеси за своите недостатоци и не си дозволува да ги суди другите. А има смирение, во кое Бог го воведува човекот преку своите судови: допуштајќи му да искуси оскрбувања, унижувања, лишувања.

Св.Филарет Московски
Славата на Богомајката, 9

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк