Православен календар

Светите маченици Карп и Папила

13 октомври (по стар стил)

Карп беше епископ Тијатирски, а Папила ѓакон. Беа родум од Пергам, каде што најпосле и пострадаа за верата Христова од свирепиот намесник Валериј, а во времето на Декиевото царување. Валериј ги врза за коњи и ги потера во Сард, каде што ги фрли на лути маки, но ним им се јави Божји Ангел, ги исцели од раните и ги укрепи. Агатодор, слугата на Карп, во голема тага го следеше својот господар, сè додека и него не го врзаа за мачење. Потоа Валериј одново ги врза за коњи и ги довлечка од Сард во Пергам. Кога свети Карп го врзаа за дрво и го биеја толку што целото тело му го претворија во рана и неговата крв во потоци ја напојуваше земјата, насреде тие маки тој се насмеа. Кога го прашаа зошто се смее, одговори дека ги гледа небесата отворени и Господ кај седи на престол, со херувимите и серафимите наоколу. Кога го мачеа Папила, тој со молитва исцели еден човек, слеп на едното око. И многумина видоа и поверуваа во Христа. Изложени пред ѕверовите, останаа неповредени. Кога ги фрлија во огнена печка, ова го виде Агатоника, сестра му на Папила, па и таа скокна во огнот. Но, огнот не ги изгоре. Најпосле сите ги убија со меч, во 251 година и примија венци на бесмртната слава.

Сподели на твитер
днсАвгуст 2026
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Август
17
Август
нов
стил
Пон., Успенски пост. Строг пост.
Св. 7 маченици младенци во Ефес
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Многу богати и силни скапо би платиле за да го видат Господа или Неговата Пречиста Мајка, но не се јавува Бог заради богатството, туку заради смирената душа... Секој последен бедник може да се смири и да го познае Бога. Не се потребни ни пари, ни имот за да се познае Бог, туку само смирение.

Преп. Силуан Атонски
Записи I.11,21

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк