Православен календар

Преподобен Теофан Начертани

11 октомври (по стар стил)

Исповедник и писател на канони. Роден е во Арабија од богати и побожни родители. Заедно со неговиот брат Теодор (се слави на 27 декември) се замонаши во манастирот на светиот Сава Осветен. Како многу образовани монаси, Ерусалимскиот патријарх Тома ги испрати кај царот Лав Ерменин за да му го образложат и да го одбранат пред царот иконопочитувањето. Свирепиот цар ужасно ги намачи овие свети браќа и ги фрли во затвор. Подоцна, царот иконоборец Теофил продолжи да ги мачи, а за да ги изложи на потсмев на светот нареди на нивните лица да се нацртаат некои шегобијни зборови. По завршувањето на иконоборството, свети Теофан беше пуштен на слобода и наскоро посветен за епископ. Се упокои мирно во 847 година. За иконите страдаше дваесет и пет години. Напиша сто четириесет и пет канони и се удостои со наследството на вечната радост на својот Господ.

Сподели на твитер
днсАприл 2026
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
9
стар
стил
Април
22
Април
нов
стил
Среда. Пост.
Мч. Евпсихиј (362); Мч-ци Дисан еп., Мариав презвит. и други 270 (364)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Многу богати и силни скапо би платиле за да го видат Господа или Неговата Пречиста Мајка, но не се јавува Бог заради богатството, туку заради смирената душа... Секој последен бедник може да се смири и да го познае Бога. Не се потребни ни пари, ни имот за да се познае Бог, туку само смирение.

Преп. Силуан Атонски
Записи I.11,21

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк