Православен календар

Преподобен Амвросиј Оптински

10 октомври (по стар стил)

Амвросиј (Гренков), јеромонах, (1812-1891) – Велик старец и подвижник, чија светост и богоугодност на живеењето Бог ја посведочи со многу чудеса, а народот – со искрена љубов, почит и благоговејно обраќање во молитва. Ученик на старците Леонид и Макариј, повеќе од 30 години помина во служење на луѓето. Основа и поткрепуваше многу манастири, а неговите писма и поуки се извор на духовна мудрост за оние кои сакаат спасение. Тој е праобраз на ликот на старецот Зосима во романот „Браќа Карамазови“ на писателот Ф. М. Достоевски кој неколку пати се има сретнато со светителот.

Сподели на твитер
днсЈули 2026
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Јули
14
Јули
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Бесребреници Козма и Дамјан, во Рим пострадани (284)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Расудливиот човек, размислувајќи за исцелителноста на Божјата Промисла, со благодарност ги поднесува несреќите коишто му се случуваат, причините за нив тој ги гледа во своите сопствени гревови, а не во нешто друго. Неразумниот, пак, кога греши и добива за тоа казна, како причина на своите несреќи Го смета или Бога или другите луѓе, и не ја разбира премудрата грижа на Бог за него.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта, 2.46

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк