Православен календар

Светите праведни Авраам и Лот

9 октомври (по стар стил)

Откако Бог ги збрка јазиците на луѓето во Вавилон, тие се разделија на многу народи, го заборавија вистинскиот Бог и почнаа да се поклонуваат на идоли. Тогаш Господ му рече на Аврама: „Излези од својата земја. Јас ќе направам од тебе голем народ, ќе те благословам и ќе го возвеличам името твое“. Со вера и покорност примајќи ги овие Божји зборови, Аврам излезе од Ур Халдејски и со својата жена Сара и со својот роднина Лот се пресели во земјата Ханаанска. Наскоро потоа, Лот се оддели од Аврама, но градот каде што се насели беше зафатен од непријатели и Лот падна во плен. Аврам ги вооружи своите слуги, ги разби непријателите и го ослободи Лота. Кога Аврам се враќаше од победата, во пресрет му излегоа Мелхиседек, царот Салимски, свештеник на Севишниот Бог; му принесе леб и вино и го благослови Аврама. Самиот Бог беше со Аврама и склучи со него завет велејќи: „Погледни на небото и изброј ги ѕвездите, ако можеш, толкаво ќе биде твоето потомство“. А под негово потомство се подразбира Црквата Господова. Кога Аврам наврши 99 години, Господ му се јави и му рече: „Јас Сум Семоќниот Бог, оди пред Моето лице и биди непорочен, и Јас ќе поставам Мој завет со тебе и ќе ти дадам многубројно потомство. Отсега ќе се нарекуваш не Аврам, туку твоето име ќе биде Авраам бидејќи ќе те направам татко на многу народи.“ (Бидејќи Авраам значи „татко на многумина“.) „А на жената твоја името ќе ѝ биде Сарра. И таа ќе ти роди син, и ќе му го дадеш името Исаак.“ Кај дабот Мамре, каде што се насели Авраам, му се јави Господ во вид на тројца странци (што е слика на Светата Троица). Примајќи ги со почести и штедро угостувајќи ги гостите, Авраам доби Божјо благоволение. Еден од гостите рече: „Следната година кога повторно ќе бидам кај тебе, во ова време, твојата жена ќе има син“. На Авраама му беше откриена намерата на Господа да ги погуби жителите на Содом и Гомора, коишто се беа потопиле во грев. Авраам измоли избавување на својот роднина Лот, којшто живеел праведно во Содом. Во домот на Лот дојдоа два Ангели во вид на странци. Содомјаните бараа да им ги предаде, но тој одби. Ангелите тогаш ги поразија содомјаните со слепило, а на Лот и на неговото семејство му заповедаа да излезат од градот, кон гората. „Спасувајте си ја душата и не се обѕирајте наназад“ – им рекоа. Штом излегоа од градот, врз Содом и Гомора падна оган со сулфур од небото и целата таа област стана солено езеро (денешното Мртво море). Жената на Лот не го исполни она што им го заповедаа Ангелите и се обѕирна наназад и веднаш се претвори во столб од сол. Кога Авраам наполни сто години, Сарра му го роди синот Исаак. Тогаш Авраам ѝ заповеда на својата слугинка Агар, со која го имаше синот Исмаил, да го напушти домот. Љубејќи го Авраама, Господ од Исмаил ги произведе многубројните арапски народи. После многу години, Господ му го испрати на Авраама последното испитание, кое ги надминува силите на обичниот човек. Испитувајќи ја верата Авраамова, Бог повика кон него: „Земи го твојот единствен син, кого го љубиш, Исаак, и оди во земјата Морија и таму принеси го на жртва на Господа, на една од горите која ќе ти ја покажам“. И покрај големата скрб, Авраам ѝ се покори на волјата Господова. Дојде со синот на гората во Морија (во центарот на денешниот Јерусалим) и запали оган. Исаак му рече на Авраама: „Татко, еве оган и дрва, а каде е жртвеното јагне?“ Авраам му рече: „Бог ќе се погрижи за Своето јагне, сине“. Авраам го врза Исаака на жртвеникот и земајќи нож, ја испружи раката своја за да го заколе. Но, во тој момент го чу гласот Божји: „Авраам! Не ја кревај раката своја на детето, затоа што сега знам дека ти се боиш од Бога и не го пожали својот единствен син заради Мене“. Авраам го одврза Исаака и виде овен заплеткан во грмушките, та го принесе него за жртва. И рече Господ: „Се колнам во Себеси дека како што ти го направи тоа дело и не го пожали својот единствен син заради Мене, така и Јас ќе те благословам тебе и во твоето потомство ќе бидат благословени сите народи на земјата, заради тоа што го послуша Мојот глас“. По неколку години се упокои Сарра, а Аврам ја зеде за сопруга Хетура, со која имаше уште шест синови. Откако поживеа сто седумдесет и пет години, Авраам мирно Му го предаде својот дух на Господа Бога. Од него, како родоначалник на Јудејскиот народ, произлезе по плот Самиот Христос, и сите што вистински веруваат во Христа се нарекуваат синови на Авраама.

Сподели на твитер
днсДекември 2024
Н118
П219
В320
С421
Ч522
П623
С724
Н825
П926
В1027
С1128
Ч1229
П1330
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
В3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
РибаРиба
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
25
стар
стил
Ноември
8
Декември
нов
стил
Нед., Божикен пост. Оддание на Воведение. Риба.
Св. Климент Охридски (916)
Свмч. Климент, папа Римски (101)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Сè што ќе изгубиш поради името Божјо - ќе го сочуваш; сè што ќе зачуваш за себеси ќе го изгубиш. Сè што ќе дадеш во името Божјо ќе го добиеш со добивка; сè што ќе дадеш поради сопствена слава и гордост исто како да си го фрлил во вода. Сè што примаш од луѓето како од Бога ќе ти донесе радост, сè што примаш од луѓето како од луѓе ќе ти донесе грижа.

Св. Николај Охридски
Мисли за доброто и злото

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк