Антиохиски граѓани од времето на Теодосиј Велики. Андроник беше златар по занает. И тој и жена му беа многу благочестиви и непрестајно се трудеа да одат по патот Господов. Од својата заработка, една третина им даваа на сиромашните, друга - на Црквата, а со третата се издржуваа. Откако им се родија две деца, се договорија да живеат како брат и сестра. Но, по неиспитливата Божја Промисла, децата им умреа - во еден ден двете. И родителите беа во голема тага сè додека светиот маченик Јулијан не ѝ се јави на Атанасија на гробиштата и не ја утеши со веста дека нивните деца се во Царството Божјо и дека им е подобро таму одошто со родителите на земјата. По ова, обајцата оставија сè и појдоа во Египет, каде што примија монашки чин - Андроник кај старец Даниил во Скитот, а Атанасија во женскиот манастир во Тавенисиот. Откако му угодија на Бога со своите долгогодишни подвизи, се преселија во Царството Небесно, најпрво светата Атанасија, а потоа осум дена по неа и свети Андроник.
д | н | с | Март 2024 |
---|---|---|---|
П | 1 | 17 | |
С | 2 | 18 | |
Н | 3 | 19 | |
П | 4 | 20 | |
В | 5 | 21 | |
С | 6 | 22 | |
Ч | 7 | 23 | |
П | 8 | 24 | |
С | 9 | 25 | |
Н | 10 | 26 | |
П | 11 | 27 | |
В | 12 | 28 | |
С | 13 | 29 | |
Ч | 14 | 1 | |
П | 15 | 2 | |
С | 16 | 3 | |
Н | 17 | 4 | |
П | 18 | 5 | |
В | 19 | 6 | |
С | 20 | 7 | |
Ч | 21 | 8 | |
П | 22 | 9 | |
С | 23 | 10 | |
Н | 24 | 11 | |
П | 25 | 12 | |
В | 26 | 13 | |
С | 27 | 14 | |
Ч | 28 | 15 | |
П | 29 | 16 | |
С | 30 | 17 | |
Н | 31 | 18 |