Православен календар

Света маченичка Јустина

2 октомври (по стар стил)

Кипријан се досели од Картагена во Антиохија, каде што живееше Јустина со нејзините родители Едесиј и Клеодонија. Едесиј беше идолски жрец и целиот дом им беше незнабожечки. Но, кога Јустина одејќи по христијанските цркви ја позна вистинската вера, ги обрати и своите родители кон Господа Христа. И сите тројца примија Крштение од епископот Оптат. Кипријан, пак, беше волх, имаше врски со нечистите духови и гаташе. Некој развратен млад човек Аглаид, незнабожец, сакаше по секоја цена да ја заведе света Јустина, бидејќи се занесе од нејзината убавина, па кога девицата одлучно го одби, тој побара помош кај Кипријан. Кипријан ги наведуваше злите духови еден по друг на Јустина за да ѝ распалат страст по нечистиот Аглаид, но никако не успеа во тоа, бидејќи светата Јустина со знакот на крстот и со молитвата кон Бога ги одгонуваше од себе духовите на злобата. Тогаш Кипријан ја позна силата на крстот, па и самиот се крсти и со време стана презвитер и епископ. Озлобени незнабошците ги обвинија него и Јустина и обајцата ги предадоа на судот во Дамаск, по што беа мачени и убиени со меч во Никомидија, на крајот од 3 век.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
7
стар
стил
Април
20
Април
нов
стил
Саб., Велик Пост. Масло.
Преп. Георгиј исп., митр. Митилински (после 820); Мч. Калиопиј (304)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Злото наоѓај го во себе, а не во другите луѓе или во нештата со кои ти не си знаел правилно да ракуваш. И дете кога ракува со нож или со оган себе се гори, себе се сече.

Преп. Севастијан Карагандински

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк