Православен календар

Светите маченички Гајанија, Рипсимија и останатите триесет и пет монахињи

30 септември (по стар стил)

Заради верата во Христа ги погуби царот Тиридат. Света Рипсимија беше необично убава, заради што царот Диоклецијан сакаше да ја земе за жена. Оттука и почна страдањето на сите триесет и седум монахињи. Рипсимија одрече да појде за царот, зашто Му се имаше посветено на својот Женик Христос. Диоклецијан му го соопшти тоа на Ерменскиот цар Тиридат, па Тогаш Тиридат ја принудуваше да појде за него, зашто беше како опиен од нејзината убавина. Но свети Рипсимија со сета своја сила го одбиваше царот. И оној којшто кнезовите Готски ги победи и Персијците ги порази, не можеше да совлада една девица Христова. Јаросен, царот ја предаде на лути маки (ѝ го отсекоа јазикот, ѝ го расекоа стомакот и ѝ ја истурија утробата), при што Рипсимија Му ја предаде својата света душа на Бога. Потоа ги фатија и останатите монахињи и ги убија со меч. Над моштите на овие маченички беше подигнат прочуениот Ечмијаѕински манастир, близу Ериван, главен духовен центар во Ерменија низ многу векови.

Сподели на твитер
днсЈуни 2025
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Јуни
14
Јуни
нов
стил
Сабота. Оддание на Педесетница. Не се пости.
Мч-ци Јустин Философ и со него постраданите (166); Св. Јустин Ќелијски (1979)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не се смутувај, ако не ја чувствуваш во себе Љубовта Божја, но размислувај за Господа - дека е Он милостив, и воздржувај се од гревови, па благодатта Божја ќе те научи тебе.

Преп. Силуан Атонски
Писма IX.16

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк