Православен календар

Светиот маченик Фока Градинарот

22 септември (по стар стил)

Тој е сограѓанин на свештеномаченикот Фока. Во Синоп, близу Црното Море, Фока имаше градина којашто самиот ја обработуваше. Со плодовите на својата градина ги гостеше сите минувачи, а не пропушташе ни да им ја нагости душата со словото Божјо. За него слушна кнезот мачител на христијаните и испрати војници да го убијат. Фока ги нагости војниците толку срдечно, што тие се стеснуваа да го убијат. Но, на негова молба тие ја извршија заповедта и му ја отсекоа главата. На тоа место, а врз неговите чудотворни мошти, наскоро е подигнат храм посветен на неговото име. Свети Фока го почитуваат особено морнарите и го повикуваат на помош сите патници по море. Пострада во 320 година.

Сподели на твитер
днсМај 2025
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
2
стар
стил
Мај
15
Мај
нов
стил
Четврток. Не се пости.
Св. Атанасиј Велики, архиеп. Александријски (373); Св. Борис-Михаил Бугарски (907)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кротоста е непроменливо настроение на умот, кое и во чест и во бесчестие останува исто. Кротоста се состои во тоа без противење и искрено за него да се молиш за братот кој те жалости. Кротоста е скала која се возвишува над морето на раздразливоста, од која се разбиваат сите бранови кои што кон неа се устремени, а таа самата останува неразнишана.

Преп. Јован Лествичник
Лествица, 24.4

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк