Православен календар

Преподобна Хилда од Витби

17 ноември (по стар стил)

Света Хилда беше ќерка на Херерик, братучед на кралот на Нортумбрија Едвин. Како и нејзиниот братучед, и таа прими свето крштение околу околу 627 година, по проповедта на свети Павлин Јоркски, кога имаше 13 години. Вдахновена од примерот на својата сестра Хересвит, која беше монахиња во манастирот Шел во Галија, Хилда пристигна во Источна Англија, подготвувајќи се од таму да отпатува кај својата сестра на континентот. Но, свети Ајдан ја повика да остане во татковината и таа помина неколку години монашки живот на северниот брег на реката Вир. Потоа замина во двојниот манастир за монаси и монахињи во Хартлпул, каде што со голем успех беше игуманија. Тогаш Хилда се зафати со уредување на манастирот во Стриншалх, на местото кое две столетија подоцна Викинзите ќе го наречат Витби. Под управата на света Хилда, двојниот манастир во Витби стана многу познат. Таму се изучуваше Светото Писмо, а најмалку петмина монаси од братството станаа епископи, меѓу нив свети Јован, епископ Хексамски, и св. Вилфрид, епископ Јоркски. Во Витби, во 664 година, се одржа прочуениот собор, кој меѓу другото го утврдил начинот за пресметување на Пасха. Славата на мудроста на преподобната Хилда беше толку голема, што од блиску и далеку пристигнуваа монаси, па и дури кралски личности за да побараат совет од неа. Седум години пред нејзината смрт, преподобната заболе од тешка болест што не ја напушти до самата кончина, но и покрај тоа таа не занемари ниту една своја обврска. Таа мирно се упокои во Господ по причестувањето со Светите Тајни во 680 година. Житието на света Хилда е опишано во книгата на свети Бид Многупочитуваниот „Црковна историја на англискиот народ“. Почитувањето на света Хилда од најраниот период е потврдено со вклучувањето на нејзиното име во календарот на свети Вилиброрд, кој датира од почетокот на осмиот век. Нејзините мошти се потоа пренесени од кралот Едмунд, според едно предание - во Гластонбери, а според друго предание - во Глостер.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Мај
14
Мај
нов
стил
Четврток. Не се пости.
Прор. Јеремија (VI п.Х.); Преп. Пафнутиј Боровски (1478)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној кој што за некоја работа ја положил својата надеж во Бога, повеќе не се расправа за тоа со ближните.

Преп. Марко Подвижник
Проповеди, 2. 103

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк