Православен календар

Светиот апостол и евангелист Матеј

16 ноември (по стар стил)

Матеј беше син на Алфеј, најпрво цариник (т.е. собирач на данок или митар) и како таков него го виде Господ во Капернаум и го повика: „Врви по Мене.“ И откако стана, тргна по Него (Матеј 9, 9). Потоа Матеј Му приреди дочек на Господ во својот дом и даде повод Господ да изрече неколку големи вистини за Своето доаѓање на земјата. Беше вброен помеѓу дванаесетте апостоли. Откако Го прими Светиот Дух, свети Матеј го проповедаше Евангелието во Партија, во Мидија и во Етиопија, земјата црнечка. Во Етиопија го постави за епископ Платон, свој следбеник, а самиот се повлече во молитвена самотија во гората каде што му се јави Господ. Ги крсти жената и синот на кнезот на таа земја, заради што кнезот се разгневи и испрати стража да го доведат Матеј пред него на суд. Војниците отидоа и се вратија кај кнезот говорејќи дека го слушнале гласот Матеев, но никако со очите не можеле да го видат светиот апостол. Тогаш кнезот испрати друга стража. Кога и оваа стража му се приближи на апостолот, него го огреа небесна светлина толку силна, што војниците не можеа да гледаат во него, но исполнети со страв го фрлија оружјето и се вратија. Тогаш кнезот сам појде. Кога му се приближи на свети Матеј, овој заблеска со таков блесок, што кнезот одеднаш ослепе. Но светиот апостол имаше милостиво срце, Му се помоли на Бога и кнезот прогледа - за жал прогледа само со телесните очи, не и со духовните. Тој го фати свети Матеј и го подложи на лути маки. Имено, на двапати ложеше голем оган на неговите гради. Но, силата Господова го сочува жив и неповреден. Тогаш, апостолот Му се помоли на Бога и Му го предаде својот дух. Кнезот нареди и телото на маченикот го положија во оловен ковчег, па го фрлија во морето. Светителот му се јави на епископот Платон и му кажа за своето тело и за сандакот каде се наоѓаат. Епископот отиде и го донесе ковчегот со телото на свети апостол Матеј. Кога го виде ова ново чудо, кнезот се крсти и го прими името Матеј. Потоа овој кнез ја остави сета светска суета и прими презвитерски чин, па богоугодно ѝ послужи на Црквата. Кога умре Платон, му се јави на овој Матеј самиот апостол Матеј и го посоветува да го прими епископството. Тој беше многу години добар пастир, додека Господ не го повика во Своето бесмртно Царство. Светиот апостол Матеј го напиша Евангелието на еврејски јазик, коешто набрзо беше преведено на грчки и до нас дојде на грчки, додека она на еврејски се изгуби. За овој евангелист се вели дека никогаш не јадел месо, а се хранел со овошје и зеленчук.

Сподели на твитер
днсНоември 2025
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
2
стар
стил
Ноември
15
Ноември
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Мч-ци Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор, Анемподист и други со нив (345)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Помни ги овие две помисли и плаши се од нив. Едната вели: ти си свет; другата: ти нема да се спасиш. Тие две помисли се од непријателот и нема во нив вистина. Но, ти вака мисли: јас сум голем грешник, ама Господ е Милостив, Он многу ги љуби луѓето и ќе ми ги прости моите гревови.

Преп. Силуан Атонски
Списи. XVII.1

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк