Православен календар

Светиот цар Јустинијан

14 ноември (по стар стил)

По потекло е од околината на Скопје. Словенското име му е Управда. Го наследи на престолот својот чичко Јустин. Големината на овој цар е неразделно поврзана со неговата длабока православна вера. Веруваше и живееше според верата. За време на Чесниот Пост не јадеше леб и не пиеше вино, а се хранеше со зелје и пиеше вода секој втор ден. Завојува со дунавските варвари само затоа што ги кастрираа заробениците. Ова е еден од знаците на неговото човекољубие. Имаше среќа и успех и во војните и во работата. Изгради голем број прекрасни храмови, од кои најубав меѓу најубавите е Света Софија во Цариград. Ги собра и ги издаде римските закони. Самиот издаваше многу строги закони против неморал и распуштеност. Ја состави црковната песна „Единородни Сине и Слове Божји“, којашто од 536 година почна да се пее на Литургија. Го свика Петтиот Вселенски Собор во 553 година. Се упокои мирно, на 14 ноември 565 година, во осумдесеттата година од својот живот и се пресели во Царството на небесниот Цар.

Сподели на твитер
днсДекември 2024
Н118
П219
В320
С421
Ч522
П623
С724
Н825
П926
В1027
С1128
Ч1229
П1330
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
В3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
РибаРиба
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
25
стар
стил
Ноември
8
Декември
нов
стил
Нед., Божикен пост. Оддание на Воведение. Риба.
Св. Климент Охридски (916)
Свмч. Климент, папа Римски (101)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Главната цел на нашиот живот е живото општење со Бога. Поради тоа и Синот Божји се воплотил, за да ни го врати нам тоа Богоопштење кое било изгубено со падот во грев. Преку Господа Исуса Христа, Синот Божји, ние стапуваме во општење со Отецот и на тој начин ја достигнуваме својата цел.

Св. Теофан Затворник
Писма кон разни лица, 24

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк