Православен календар

Света Евстолија и преподобна Сосипатра

9 ноември (по стар стил)

Светата Евстолија беше родена во Рим. Дојде во Константинопол и стапи во еден од женските манастири. Заради својот добродетелен и строг монашки живот, блажената ги здоби љубовта и почитта од сестрите. Не само монахињите, но и многу светски луѓе доаѓаа кај неа за совет и за утеха. Светата Сосипатра, ќерка на императорот Маврикиј (582-602), наклонета кон монаштвото, се сретна со преподобната Евстолија во Влахерна, во богородичната црква. После беседата со светителката, принцезата конечно реши да го остави светот и целосно да ѝ ја предаде својата волја на наставницата, преподобната Евстолија. Во дворецот којшто ѝ го подари благочестивиот император на својата ќерка, постепено се разви манастир, којшто беше познат по строгоста на монашкиот устав. Светата Евстолија се упокои во 610 година, а светета Сосипатра во 625 година.

Сподели на твитер
днсДекември 2023
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
РибаРиба
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
27
стар
стил
Ноември
10
Декември
нов
стил
Нед., Божикен пост. Риба.
Вмч. Јаков Персиец (421)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Многу богати и силни скапо би платиле за да го видат Господа или Неговата Пречиста Мајка, но не се јавува Бог заради богатството, туку заради смирената душа... Секој последен бедник може да се смири и да го познае Бога. Не се потребни ни пари, ни имот за да се познае Бог, туку само смирение.

Преп. Силуан Атонски
Записи I.11,21

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк