Православен календар

Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј

1 ноември (по стар стил)

Роден е во Костурската епархија, од родителите Мартин и Параскева. Работејќи со овци, Јаков се збогати и со тоа предизвика завист кај својот брат, којшто го наклевети кај Турците дека нашол некое скриено богатство закопано во земја. Јаков побегна во Цариград, каде што повторно се збогати. Еднаш му беше гостин на некој турски бег. Турците јадеа месо, а Јаков постеше. Тогаш му рече оној бег: „Голема е вашата христијанска вера“. И раскажа дека неговата жена била умоболна и дека после сите лекари и лечења на крајот ја одвел кај патријархот за да ѝ прочита молитва. Штом патријархот ја отворил книгата за да ѝ чита, низ храмот светнала некоја небесна светлина. По завршувањето на молитвата, жената оздравела. Кога слушна Јаков како Турчинот ја фали христијанската вера, го раздаде сиот свој имот и отиде на Света Гора, каде што се замонаши во манастирот Ивер. Се подвизуваше на Света Гора, а пострада за верата од Турците во Едрене на 1 ноември 1520 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во манастирот на Свети Анастасиј, во Галачист, близу Солун.

Сподели на твитер
днсОктомври 2021
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Октомври
16
Октомври
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Свмч-ци Дионисиј Ареопагит, еп. Атински, Рустик презв., Елефтериј ѓак. (96)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Секој христијанин треба да си земе за обврска и да се труди да стане свет. Ако живеете без грижа и без надеж дека ќе бидете свети, тогаш вие сте христијани само по име, а не во суштина, а без светост никој нема да Го види Господа, т.е. нема да го достигне вечното блаженство. Верно е словото дека Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците (1Тим. 1,15). Но, ние се лажеме ако мислиме дека ќе се спасиме останувајќи грешници. Христос ги спасува грешниците со тоа што им дава средство да станат свети.

Св. Филарет Московски
Беседа изговорена на 23 септември 1847 год.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк