Православен календар

Светите Козма и Дамјан

1 ноември (по стар стил)

Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка. По смртта на татко им, нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И Бог ѝ помогна, та нејзините синови израснаа како две слатки овошки и како два светилника на светот. Беа научени на лекарската вештина и бесплатно им помагаа на болните не толку со лекови колку со името на Господ Исус Христос. Ги нарекоа бесребрени лекари, бидејќи лечеа бесплатно и така ја исполнуваа Христовата заповед: „Бесплатно примивте, бесплатно давајте!“ (Матеј 10, 8). Беа толку внимателни во бесплатното лечење на луѓето што Козма вистински се налути на својот брат Дамјан зашто овој зеде три јајца од една жена Паладија, па нареди Козма по неговата смрт да не го закопуваат до брат му Дамјан. Всушност, свети Дамјан не ги зеде оние три јајца како награда зашто ја исцели болната Паладија, туку затоа што таа го заколна со Пресвета Троица да ги земе оние три јајца. Сепак, по нивната смрт, во местото Фереман беа закопани заедно според Божјо откровение. Овие свети браќа беа големи чудотворци и за време на животот и после смртта. На еден слуга на спиење му се беше вовлекла змија низ устата во стомакот и кутриот човек ќе издивнеше во најтешки маки, ако во последен миг не ги повикаше на помош светите Козма и Дамјан. Така ги прослави Господ со чудотворство засекогаш оние коишто Го прославуваа Бога на земјата со вера, чистота и милост.

Сподели на твитер
днсАвгуст 2026
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Август
17
Август
нов
стил
Пон., Успенски пост. Строг пост.
Св. 7 маченици младенци во Ефес
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не вели: „јас многу згрешив и затоа не можам да припаднам кон Бога во молитва.“ Не очајувај, само не ги умножувај гревовите од сега натаму, па со помош на Семилостивиот нема да бидеш посрамен. Бидејќи Он рекол: „оној кој доаѓа при Мене нема да го избркам надвор.“ И така, ревнувај и верувај дека Он е чист и ќе го исчисти што Му се приближува. Ако сакаш да направиш вистинско покајание, покажи го на дело. Ако се каеш поради гордост, покажи смирение; ако поради пијанство, покажи трезвеност; ако поради блуд, покажи чистота на животот. Бидејќи е речено: бегај од злото и прави добро.

Св. Генадиј Константинополски
Златна алка. 87-89

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк