Православен календар

Преподобен Лот

22 октомври (по стар стил)

Голем египетски подвижник. Современик на светите авви Арсениј Велики и Агатон. Се подвизуваше во својот манастир близу едно езеро крај градот Арсиној, а на патот кон спасението раководеше со мноштво браќа. Негов близок другар и советник беше авва Јосиф. Еднаш Лот му рече на Јосиф: „Авво, постам колку што можам, ги држам молитвата и безмолвието и богомислието, и според својата сила се чувам од скверните помисли. Што уште, значи, да правам?“ Тогаш Старецот стана, ги крена рацете кон небото и неговите десет прсти заблескаа како десет пламени свеќи. Па му одговори: „Ако сакаш, сиот биди оган!“ Откако Му угоди на Бога и многумина ги поучи на патот кон спасението, свети Лот се упокои мирно во 5 век.

Сподели на твитер
днсЈули 2026
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
6
стар
стил
Јули
19
Јули
нов
стил
Недела. Не се пости.
+Преп. Сисој Велики (429); Собор на Радоњешките светители
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Со послушанието човекот се чува од гордоста; заради послушанието се дава молитвата, заради послушанието се дава и благодатта на Светиот Дух. Ете зошто послушанието е повисоко од постот и молитвата.

Преп. Силуан Атонски
Списи, XV.4

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк