Православен календар

Светиот пророк Јоил

19 октомври (по стар стил)

Втор по ред од малите Пророци, свети Јоил беше син Ватуилов, од коленото Рувимово. Живееше 800 години пред Христа. Му ја пророкуваше бедата на Израилскиот народ и го предвозвести Вавилонското ропство за гревовите што ги направи Израилот пред Господа. Го повикуваше народот на пост и свештениците на покајни плачни молитви за да се смилостиви Бог. „Заповедајте пост, повикувајте кон Господа. Меѓу тремот и олтарот нека плачат свештениците.“ Пророкот Јоил го прорече и слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и излевањето на благодатта на Духот Божји врз сите христијани. Го прорече и го опиша Страшниот Суд Божји. Ја прорече и славата на светата Божја Црква.

Сподели на твитер
днсФевруари 2026
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Без месоБез месо
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Февруари
18
Февруари
нов
стил
Среда. Без месо.
Мц. Агатија (251); Св. Теодосиј, архиеп. Черниговски (1696)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Христијанинот е должен да биде внимателен кон сите. Неговите зборови и дела треба да оддишуваат со благодатта на Светиот Дух којашто пребива во неговата душа, за на тој начин да се прославува името Божјо. Оној којшто го испитува секој збор, тој го испитува и секое дело. Оној којшто ги проверува зборовите што се токми да ги каже, ги проверува и делата што се токми да ги направи и никогаш нема да ја прејде границата на доброто и добродетелното поведение. Благодатните зборови на христијанинот се карактеризираат со истенченост и внимателност. Тоа е она што ја раѓа љубовта и ги носи мирот и радоста. Грубоста, пак, раѓа омраза, непријателство, жалост, желба да се победува, безпоредок и војни.

Св. Нектариј Егински
Пат кон среќа, 7

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк