Православен календар

Преподобен Симеон Нов Богослов

12 март (по стар стил)

Преподобниот Симеон Нов Богослов е роден во 946 година во градот Галата (Пафлагонија), во Мала Азија, во семејство на познати и богати родители. Се образуваше во Константинопол каде што татко му го подготвуваше за кариера на царскиот двор. Но, кога наполни 25 години тој почувствува призив за монашки живот, па го напушти царскиот двор и својот дом и се замонаши во Студитскиот манастир, каде што духовен раководител му беше прочуениот старец Симеон Богобојазливиот. Основен подвиг на преподобниот стана непрекинатата Исусова молитва. Заради поголема молитвена сосредоточеност, тој постојано бараше да биде сам, па дури и на Литургија стоеше одделно од браќата, а често остануваше сам во црквата цела ноќ. За да се навикне на сеќавањето на смртта, поминуваше ноќи на гробиштата. Во 980 година преподобниот Симеон беше поставен за игумен на манастирот на свети Мамант и во тој чин помина 25 години. Околу 1005 година тој му го предаде раководењето на манастирот на својот ученик Арсениј, а самиот се насели покрај манастирот. Во тоа време на спокојство тој ги напиша своите прочуени богословски трудови, од кои еден дел е влезен во состав на „Добротољубието“. Неговото учење за новиот човек, за „обожението на плотта“ со која тој сакаше да го замени учењето за „умртвување на плотта“ (заради што и беше наречен Нов Богослов), тешко беше прифаќано од неговите современици. Многу негови поуки им звучеа чудно и неразбирливо, што доведе до конфликт со високиот клир во Константинопол, па преподобниот Симеон се оддалечи на брегот на Босфор, каде што ја основа обителта на света Марина. Мирно се упокои во 1021 година. Уште во текот на животот стекна дар на чудотворење.

Сподели на твитер
днсАвгуст 2026
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
РибаРиба
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
6
стар
стил
Август
19
Август
нов
стил
Сре., Успенски пост. Риба.
Преображение на Господа Исуса Христа
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Сè треба да се прави со расудување и човек треба да ги знае своите мерки, за отпосле да не се смутува. Да се прави преку сила милостина, пост или нешто друго е безрасудно и го води кон смут, униние и ропот оној што тоа го извршува. Бог го сака тоа што е според силата на човекот.

Преп. Варсануфиј Велики
Раководство, 627

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк