Православен календар

Свети Софрониј, патријарх Ерусалимски

11 март (по стар стил)

Роден е во Дамаск од угледни родители. Откако насобра светска мудрост, не се задоволи и тргна да ја собира единствено духовната. Во Лаврата на свети Теодосиј се најде со монахот Јован Мосх кого го зеде за свој учител и тргнаа заедно да ги обиколуваат манастирите и подвижниците во Египет. Нивното мото беше: „секој ден стекни што повеќе духовна мудрост“. Сè што знаеја запишаа, а потоа го издадоа во две книги под името „Лемонариум“ (на словенски преведен како „Духовна полјана“). Подоцна заминаа во Рим, каде Мосх умре, а на Софрониј му порача да го пренесе или на Синај или во Теодосиевата Лавра. Софрониј му ја исполни желбата и го однесе телото на својот учител во Лаврата на свети Теодосиј, а самиот се задржа во Ерусалим, којшто во тоа време беше ослободен од Персијците. Присуствуваше на враќањето на Чесниот Крст од Персија, кога царот Ираклиј на своите плеќи го внесе Крстот во Светиот Град. Стариот патријарх Захарија исто така вратен од ропство не поживеа долго, па кога се пресели во оној свет, го замени Модест (+364), а после него за патријарх беше поставен блажениот Софрониј. Тој со особена мудрост и ревност управуваше со Црквата десет години. Застана во одбрана на Православието од монотелитската ерес, којашто тој на својот собор во Ерусалим ја осуди уште пред таа да биде осудена на Шестиот Вселенски Собор. Го напиша житието на света Марија Египетска, го состави чинот на Водосвет и воведе нови химни и песни во разни богослужби. Кога арапскиот калиф Омар го освои Ерусалим, Свети Софрониј го замоли да ги поштеди христијаните, а Омар вети дека тоа ќе го стори. Но, кога потоа калифот почна да ги ограбува и малтретира христијаните во Ерусалим, Софрониј од дното на срцето Го молеше Бога да го земе од живите на земјата за да не го гледа осквернувањето на светоста. И Бог ја услиши неговата молитва, па го зеде кај Себе во 644 година.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
29
стар
стил
Април
12
Мај
нов
стил
Вторник. Не се пости.
9 маченици Кизички (299); Преп. Мемнон чудотворец; Св. Василиј Острошки (1671)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кога душата во Светиот Дух ќе ја познае Мајката Божја; кога во Светиот Духот Свет душата ќе стане сродна со апостолите, пророците, и со сите светии и праведници, тогаш таа незадржливо се стреми кон тој свет и не може да застане, но тој постојано ѝ недостасува, та копнее и не може да се оттргне од молитвата дури и кога телото е изнемоштено и сака да легне во постела, но и кога ќе легне во постела, душата се стреми кон Господа и кон Царството на светиите.

Преп. Силуан Атонски
Списи, I. 28

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк