Православен календар

Свети Феликс Бургундски, епископ Данвичски, просветител на Источна Англија

8 март (по стар стил)

Свети Феликс е роден во Бургундија, на територијата на денешна Франција. Во родната земја беше ракоположен за епископ и беше испратен во Источна Англија од светиот Онориј Кентербериски, за да го проповеда Евангелието. Во 631 година се насели во Данвич, на брегот на Сафолк, и тука, со голем успех, цели 17 години, се трудеше во делото на ширењето на Евангелската наука. Свети Феликс блажено се упокои во 648 година и беше погребен во Данвич.

Сподели на твитер
днсЈуни 2024
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
11
стар
стил
Јуни
24
Јуни
нов
стил
Понеделник. Не се пости.
Ден на Светиот Дух
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Душата која е грешна и заробена од страстите, таа не може да има мир и да се радува во Господа, па дури и ако владее со сите богатства на светот, дури и ако царува над сиот свет. Ако на таков цар, којшто весело пирува и си седи на престолот во целата негова слава, одненадеж му речеш: „Цару, ти сега ќе умреш“ тогаш неговата душа ќе се возмути и ќе затрепери од страв, и тој би ја видел својата немоќ. А колку има сиромаси, кои што се богати само со љубов кон Бога и на кои ако им кажеш: „ти сега ќе умреш“ би одговориле со мир: „Нека биде волјата Господова. Слава Му на Господа што се сетил на мене и што сака да ме земе.“

Преп. Силуан Атонски
Списи, IV.3

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк