Православен календар

Светиот свештеномаченик Теодорит

8 март (по стар стил)

Царот Константин во Антиохија изгради соборна црква со особена убавина. Народот ја нарече Златна црква, заради позлатата однатре и однадвор и многубројните садови во црквата од злато и сребро. Царот ѝ подари на оваа црква голем имот за издржување на свештениците, чиј број во неа беше голем. Чувар на оние садови и на сите драгоцености во црквата беше Теодорит, свештеник со голема вера и ретко благочестие. Тогаш почна да царува Јулијан Отстапник, кој иако беше крстен, се одрече од Христа и подигна гонење на христијаните. Неговиот чичко, којшто и самиот се викаше Јулијан, дојде во Антиохија и ја ограби Златната црква, а Теодорит како ризничар го зеде и го изведе на суд, и го советуваше да се одрече од Христа. Теодорит не само што не сакаше да се одрече од својот Господ туку го разобличи и царот Јулијан за отпадништвото од верата, како оној којшто повторно се вратил на идолопоклонскиот блуеж. Кога злиот судија од дрскост отиде и мокреше во Златната црква, Теодорит му прорече ужасна смрт, којашто наскоро и го снајде. Светителот беше убиен со секира, а судијата Јулијан од мигот кога мокреше во црквата во долниот дел од телото го спопаднаа страшни болки. И тој дел од телото му го разјадоа црви, па ја изблу својата отпадничка душа во најгрозни маки. Така и неговиот помошник Феликс, според пророштвото на свети Теодорит, умре набрзо по убиството на праведникот, со крварење на устата. Свети Теодорит го обезглавија и се пресели во Христовото Царство, во 362 година.

Сподели на твитер
днсМарт 2023
С116
Ч217
П318
С419
Н520
П621
В722
С823
Ч924
П1025
С1126
Н1227
П1328
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
16
стар
стил
Март
29
Март
нов
стил
Сре., Велик Пост. (Канон на свети Андреј Критски). Строг пост.
Ап. од 70-те Аристовул, еп. Британски (I); Мч. Савин Египетски (287)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не се раздразнувај на оние кои грешат... немај страст да ги забележуваш кај ближниот разните гревови и да го осудуваш, како што обично правиме; секој за себе ќе даде одговор пред Бога... особено не гледај злонамерно на гревовите на оние кои се постари од тебе, бидејќи тоа не е твоја работа... ти исправај ги своите гревови и своето срце.

Св. Јован Кронштадски
Мојот живот во Христа, I, 6

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк