Православен календар

Свештеномаченик Евгениј епископ Херсонски

7 март (по стар стил)

Василиј, Ефрем, Евгениј, Елпидиј, Агатодор, Етериј и Капитон, сите овие беа епископи во Херсон во разни времиња и сите пострадаа (само Етериј умре мирно) од неверниците, било од Евреите било од Грците или од Скитите. Овие епископи одеа во тие диви краишта како мисионери за да ја пренесат евангелската светлина. Сите беа намачени и пострадаа за својот Господ. Василиј го воскресна синот на еден кнез во Херсон, што ги огорчи Евреите, па го обвинија. Го врзаа за нозете и го влечеа по херсонските улици дури не ја испушти душата. Ефрем го убија со меч. Евгениј, Елпидиј и Агатодор ги биеја со стапови и со камења, сè дури не Му ги предадоа своите души на Бога. Етериј поживеа во времето на Константин Велики, па во мир и слобода управуваше со Црквата, изгради голем храм во Херсон и се упокои мирно. Кога последниот од нив, Капитон, го испратија за епископ во Херсон, дивите Скити од него побараа знак за да поверуваат. И му предложија да влезе во огнена печка, па ако не изгори тие сите ќе поверуваат во Христа. Со топла молитва и со надеж во Бога Капитон го положи архиjерејскиот омофор на себе, се прекрсти и влезе во вжарената печка држејќи го умот во срцето воздигнат кон Бога. И во пламенот постоја околу еден час без никаква повреда на телото и на облеката, па излезе оттаму здрав. Тогаш сите повикаа: „Еден е Бог, Бог на христијаните, велик и силен, Кој го сочува слугата Свој во огнената печка!“ И се крсти сиот град и околината. За ова чудо многу се зборуваше на Никејскиот Собор. И сите Го прославија Бога и ја пофалија цврстата вера на свети Капитон. А на Капитон му се случи по патот да го фатат на реката Дњепар незнабожечки Скити и во реката го удавија. Овие епископи пострадаа во почетокот на 4 век.

Сподели на твитер
днсЈануари 2025
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
13
стар
стил
Јануари
26
Јануари
нов
стил
Недела по Богојавление. Не се пости.
Мч-ци Ермил и Стратоник (315)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Некој монах запрашал некого од старците: „зошто мојата мисла постојано тежнее кон тоа да направи блуд и не ми дава мир ниту за миг, па мојата душа се вознемирува?“ Старецот му одговорил: „ако демоните ти предлагаат грешни мисли, ти не им се предавај; на демоните им е својствено постојано да соблазнуваат. И иако тие никогаш не престануваат да советуваат, сепак не можат да те натераат да згрешиш, од твојата волја зависи дали ќе ги послушаш, или не...“ Братот му возвратил на старецот: „што да правам? Јас сум слаб и чувствувам дека таа грешна страст ме победува.“ Старецот одговорил: „Внимавај на тие мисли, и кога ќе почнат во тебе да зборуваат, не им одговарај, туку моли Му се на Бога: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот!“

Древен старечник, 5.35

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк