Православен календар

Преподобен Емилијан

7 март (по стар стил)

Се роди во Рим, а во младоста изврши многубројни и тешки гревови. Но, кога се отрезни од грешењето и си дојде на себеси, трепереше од самата помисла за Судот Божји. Стапи во еден манастир, и со пост, бдение и послушание го скроти и го исуши своето тело. Им беше пример на браќата. Ноќе често излегуваше од манастирот и одеше во една блиска пештера на молитва. Бидејќи не знаеше каде оди монахот, игуменот на манастирот една ноќ тајно тргна по него. И таа ноќ тој го виде Емилијан како стои на молитва со страв и во солзи. Одеднаш целата таа гора ја облеа небесна светлина посилна од сонцето, а најсилна беше во пештерата на Емилијан. А од небото се слушна глас: „Емилијан, ти се простуваат гревовите!“ Игуменот се исполни со ужас и се врати во манастирот. Утредента им објави на браќата за она што го виде и чу минатата ноќ. Емилијан поживеа долго и мирно, во голема почит меѓу браќата, па се упокои во Господа.

Сподели на твитер
днсДекември 2024
Н118
П219
В320
С421
Ч522
П623
С724
Н825
П926
В1027
С1128
Ч1229
П1330
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
В3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
23
стар
стил
Ноември
6
Декември
нов
стил
Пет., Божикен пост. Строг пост.
Св. Амфилохиј, еп. Иконијски (после 394); Св. Григориј, еп. Акрагантски (VI-VII)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Огради го својот ум од самофалби и избегнувај го високото мислење за себеси, за да не допушти Бог да паднеш во спротивното од она со што се фалиш, бидејќи доброто не се прави само од страна на човекот, туку со помош на Бога Кој сè гледа.

Преп. Марко Подвижник, Поуки. 2. 188

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк