Православен календар

Преподобен Прокопиј Декаполит

27 февруари (по стар стил)

Овој светител беше од Десетоградието (Декаполис) околу морето Галилејско, заради што и се нарече Декаполит. На испоснички живот се предаде во младоста, и ги мина сите пропишани подвизи за очистување на срцето и вознесување на духот кон Господ. Кога настана гонењето за иконите од страна на злобниот цар Лав Исавријанин, Прокопиј застана во заштита на иконите, докажувајќи дека иконопоклонувањето не е идолопоклонство, зашто христијаните знаат дека поклонувајќи им се на иконите не ѝ се поклонуваат на материјата, туку на живите светители насликани на иконите. Заради ова го мачеа ѕверски, го затвараа, го биеја и го стругаа со железо. Кога беше убиен злобниот цар Лав, а иконите беа вратени во црквите, тогаш и Прокопиј се врати во својот манастир и во него во мир го проживеа остатокот од животот. На старост се пресели во Царството Божјо, каде што со радост ги гледа ангелите и светителите чии ликови ги чествуваше на иконите на земјата. Мирно се упокои во 9 век.

Сподели на твитер
днсМарт 2023
С116
Ч217
П318
С419
Н520
П621
В722
С823
Ч924
П1025
С1126
Н1227
П1328
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
16
стар
стил
Март
29
Март
нов
стил
Сре., Велик Пост. (Канон на свети Андреј Критски). Строг пост.
Ап. од 70-те Аристовул, еп. Британски (I); Мч. Савин Египетски (287)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Бог нè љуби повеќе отколку што можат да нè сакаат таткото, мајката, или кој било друг, дури и повеќе од што се љубиме самите себе.

Св. Јован Златоуст

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк