Православен календар

Свети Захарија, патријарх Јерусалимски

21 февруари (по стар стил)

Во времето на византискиот цар Ираклиј, во 614 година, персискиот цар Хозрој го нападна Јерусалим, го ограби градот, го однесе Чесниот Крст во Персија и одведе во ропство огромен број христијани, меѓу нив и патријархот Захарија. Евреите му помагаа да врши зло над христијаните. Меѓу другите еврејски злосторства се памети и ова: Евреите откупија од Хозрој деведесет илјади христијани и како свои робови ги убија. Стариот патријарх остана во ропство четиринаесет години. А од Чесниот Крст во Персија се пројавија многубројни чуда, така што Персијанците велеа: „Христијанскиот Бог дојде во Персија“. Подоцна, Ираклиј го принуди персискиот цар да ги врати Чесниот Крст, патријархот и останатите робови во Јерусалим. Самиот цар Ираклиј го внесе Чесниот Крст на своите плеќи во Светиот град. Останатите денови од животот свети Захарија ги помина во мир, и се пресели кај Господ во 631 година. На престолот го замени патријархот Модест, после кого патријархуваше свети Софрониј (11 март).

Сподели на твитер
днсМарт 2023
С116
Ч217
П318
С419
Н520
П621
В722
С823
Ч924
П1025
С1126
Н1227
П1328
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
16
стар
стил
Март
29
Март
нов
стил
Сре., Велик Пост. (Канон на свети Андреј Критски). Строг пост.
Ап. од 70-те Аристовул, еп. Британски (I); Мч. Савин Египетски (287)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кога умот ќе ја заборави целта на благочестието, тогаш и јавното исполнување на добродетелите станува бесполезно.

Преп. Марко Подвижник
Слова, 2. 51

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк