Православен календар

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

14 мај (по стар стил)

Беше роден во Струмица, тогашен Тивериопол, од богати и благочестиви родители. На Крштението го доби името Лав. Штом научи да чита почна да ги изучува Светото Писмо и житијата на светиите, a во душата му се роди желба да стане монах. По смртта на родителите се повлече на една осамена гора, каде што почна да се подвизува, а потоа замина за Цариград, каде што стапи во манастирот на Пресвета Богородица, наречен Птелидион, тука примајќи монашки потстриг. Потоа, иако сè уште млад, зеде на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум, поради што мнозина го исмеваа и навредуваа, а често и физички го повредуваа. Поднесувајќи сè со големо смирение преподобниот набргу достигна голема мерка во добродетелта и во молитвата од што му беше даруван и дарот на чудотворство - носеше жар во рацете или во мантијата и ги кадеше чесните икони по градот, а огнот не го повредуваше. Во тоа време во Цариград дојде еден добродетелен архиереј од градот Тиверијада, а Леонтиј штом го здогледа отиде кај него и почна да му служи во послушание. Живееја на една гора надвор од Цариград и околу него се собираа и други духовни чеда. Еден ден Леонтиј беше испратен во Цариград по работа, но со благослов да се врати истата вечер како не би му се случило некое искушение во градот. Но, Леонтиј не можеше да најде брод којшто ќе го врати на спротивната страна и за да не ја наруши заповедта на старецот се фрли во морето, а водата му дојде само до грлото додека не дојде до другата страна. По некое време Тиверијадскиот Епископ тргна на пат за својата црква во Јерусалим и со себе го зеде и блажениот Леонтиј. Кога, патем тие дојдоа на островот Патмос, Леонтиј остана во манастирот на свети Јован Богослов. Игуменот го замонаши во голема и ангелска схима и го удости со Светата Тајна на свештенството. Поради своето смирение и големите тајни подвизи, се удостои со многу виденија на светиот апостол и евангелист Јован, а по смртта на игуменот браќата го избраа Леонтиј за негов наследник. Кога неговите добродетели се прочуја и за него дозна благочестивиот цар Мануил Комнен (1143-1180) по желба на царот и на мнозина архијереи, Леонтиј беше избран за Патријарх Јерусалимски. Како епископ помина некое време во метосите на Јерусалимската Патријаршија и Светиот Гроб на островот Кипар, а потоа се пресели во градот Акра на палестинското крајбрежје - поради Латините кои тогаш владееја со Јерусалим и не му дозволуваа на православниот Патријарх таму да се смести. Леонтиј подоцна сепак успеа да прејде во Јерусалим, но Латините коишто ја имаа власта во градот не му дозволуваа да богослужи на Гробот Господов и во храмот на Светото Воскресение, па дури му подготвуваа и потајно убиство, така што Леонтиј беше принуден да се врати во Цариград. Тука проживеа неколку години, па се упокои во мир, во 1185 година, а неговите свети мошти ги положија во храмот на Свети Архангел Михаил.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
10
стар
стил
Април
23
Април
нов
стил
Вто., Велик Пост. Строг пост.
Мч-ци Терентиј, Помпиј, Африкан, Максим, Зинон, Александар и други (251)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не им дозволувај на очите да шетаат ваму-таму, и не се загледувај во туѓата убавина, за да не те собори твојот непријател, ѓаволот, со помош на твоите очи.

Преп. Ефрем Сирин

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк