Православен календар

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

14 мај (по стар стил)

Беше роден во Струмица, тогашен Тивериопол, од богати и благочестиви родители. На Крштението го доби името Лав. Штом научи да чита почна да ги изучува Светото Писмо и житијата на светиите, a во душата му се роди желба да стане монах. По смртта на родителите се повлече на една осамена гора, каде што почна да се подвизува, а потоа замина за Цариград, каде што стапи во манастирот на Пресвета Богородица, наречен Птелидион, тука примајќи монашки потстриг. Потоа, иако сè уште млад, зеде на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум, поради што мнозина го исмеваа и навредуваа, а често и физички го повредуваа. Поднесувајќи сè со големо смирение преподобниот набргу достигна голема мерка во добродетелта и во молитвата од што му беше даруван и дарот на чудотворство - носеше жар во рацете или во мантијата и ги кадеше чесните икони по градот, а огнот не го повредуваше. Во тоа време во Цариград дојде еден добродетелен архиереј од градот Тиверијада, а Леонтиј штом го здогледа отиде кај него и почна да му служи во послушание. Живееја на една гора надвор од Цариград и околу него се собираа и други духовни чеда. Еден ден Леонтиј беше испратен во Цариград по работа, но со благослов да се врати истата вечер како не би му се случило некое искушение во градот. Но, Леонтиј не можеше да најде брод којшто ќе го врати на спротивната страна и за да не ја наруши заповедта на старецот се фрли во морето, а водата му дојде само до грлото додека не дојде до другата страна. По некое време Тиверијадскиот Епископ тргна на пат за својата црква во Ерусалим и со себе го зеде и блажениот Леонтиј. Кога, патем тие дојдоа на островот Патмос, Леонтиј остана во манастирот на свети Јован Богослов. Игуменот го замонаши во голема и ангелска схима и го удости со Светата Тајна на свештенството. Поради своето смирение и големите тајни подвизи, се удостои со многу виденија на светиот апостол и евангелист Јован, а по смртта на игуменот браќата го избраа Леонтиј за негов наследник. Кога неговите добродетели се прочуја и за него дозна благочестивиот цар Мануил Комнен (1143-1180) по желба на царот и на мнозина архијереи, Леонтиј беше избран за Патријарх Ерусалимски. Како епископ помина некое време во метосите на Ерусалимската Патријаршија и Светиот Гроб на островот Кипар, а потоа се пресели во градот Акра на палестинското крајбрежје - поради Латините кои тогаш владееја со Ерусалим и не му дозволуваа на православниот Патријарх таму да се смести. Леонтиј подоцна сепак успеа да прејде во Ерусалим, но Латините коишто ја имаа власта во градот не му дозволуваа да богослужи на Гробот Господов и во храмот на Светото Воскресение, па дури му подготвуваа и потајно убиство, така што Леонтиј беше принуден да се врати во Цариград. Тука проживеа неколку години, па се упокои во мир, во 1185 година, а неговите свети мошти ги положија во храмот на Свети Архангел Михаил.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
30
стар
стил
Април
13
Мај
нов
стил
Среда. Пост.
+Ап. Јаков Зеведеев, брат на Јован Богослов (44)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не посакувај да слушаш за несреќата на твоите непријатели. Бидејќи оние кои слушаат такви зборови, потоа ги жнеат плодовите од своите желби.

Преп. Марко Подвижник. 2. 173.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк