Православен календар

Светиот маченик Христофор

9 мај (по стар стил)

Светиот Христофор беше човек со висок раст и необично голема сила, но лицето му беше ѕверолико. Според преданието, тој прво имал убав изглед, но сакајќи да ги избегне соблазните кај себе и кај тие што го опкружувале, му се молел на Бога да му даде неубаво лице, што и се случило. До своето крштение го носеше името Репрев (негоден), што имаше врска со неговата грда надворешност. Уште пред своето крштение Репрев ја исповедаше својата вера во Христа и ги разобличуваше тие коишто ги гонеа христијаните. Заради тоа тој еднаш беше биен од некојси Вакх, и тој таа казна ја прими со смирение. Скоро после тоа беа пратени 200 воини да го врзат и да го донесат пред императорот Декиј. Репрев се потчини без спротивставување. По патот се случија чуда: сувата гранка во рацете на светителот расвета, и по неговите молитви се умножија лебовите што им недостасуваа на патниците, слично на умножувањата на лебовите од Спасителот во пустината. Воините кои го спроведуваа Репрев беа поразени од чудата и поверуваа во Христа, и беа крстени заедно со Репрев од антиохискиот епископ Вавила, кој на Репрев му го даде името Христофор, што значи Христоносец. Кога светиот Христофор беше доведен пред императорот Декиј, тој се ужасна од неговиот изглед и реши да го натера да се одрече од Христа не со насилство, туку со лукавство: повика две жени блудници, Калиникија и Акилина, и им рече да го приволат Христофор да се одрече од Христа и да им принесе жртви на идолите. Но, наместо тоа, самите жени беа обратени од Христифор во вера во Христа и кога се вратија кај императорот, тие исповедаа дека се христијанки, заради што беа мачени и го завршија својот живот примајќи маченички венци. Декиј нареди да бидат убиени и војниците што спроведувајќи го Христофор поверуваа во Христа, а самиот Христофор го фрли во врел бакарен казан. Меѓутоа, Христофор од казанот излезе сосема неповреден. Потоа беше мачен и на разни други начини и на крај главата му беше отсечена со меч. Тоа се случи во 250 година, во Ликија. При своето мачеништво, Христофор обрати близу 50 илјади незнабошци во христијанство, како што сведочи светиот Амвросиј. Моштите на светиот Христофор беа најпрвин пренесени во Толедо, Шпанија, каде што особено многу се почитува овој светител, а подоцна во манастирот Свети Дионисиј, во Франција.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
7
стар
стил
Април
20
Април
нов
стил
Саб., Велик Пост. Масло.
Преп. Георгиј исп., митр. Митилински (после 820); Мч. Калиопиј (304)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Послушанието им е потребно не само на монасите, но и на секој човек. Дури и Господ бил послушен. Гордите и своеглавите не допуштаат во нив да живее благодатта и затоа никогаш немаат душевен мир, а во душата на послушниот лесно влегува Светиот Дух и му дава радост и покој. Оној којшто носи во себе барем малку благодат, тој со радост му се потчинува на секое началство. Тој знае дека Бог управува и со небото и со земјата и со адот и со него самиот и неговите работи и со сè што е во светот и затоа секогаш е спокоен.

Преп. Силуан Атонски
Списи, XV.2

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк